ФК Борец загуби од Работнички во Скопје, во финишот

Петар Печков

Градски Стадион  во Скопје

судија: Грујовски Александар - Кичево  
 стрелци:  Ѓурѓевиќ 83 и 90 (ФК Р ) Адили 82 (ФК Б)

картони: жолт  Јанков, Ѓорѓевиќ, Станковски, Петковски (ФК Р)  Османовски  (ФК Б)

 ФК Работнички:  Јанков, Ѓорѓевиќ, Кировски,   Лазаров, Максимов, Прелчец, Ристевски, Ристовски, Силјановски, Станковски Л, Станковски М  во игра влегоа и    Стојков, Јевтовски
ФК Борец 1919: Ефремов, Баша, Ефтимов, Ѓоргиев, Коцев, Мишевски, Омерагиќ, Османовски,  Ристовски, Стоименовски,Трајков   во игра влегоа и   Адили и Силва

Пораз за фудбалерите на ФК Борец во 25-тото коло од Првата лига, на Градски во Скопје и тоа со голови примени во финишот, кои одат на „душа“ на голманот на велешани, Ефремов. Што фајде што во текот на претходните 80 минути домаќините немаа игра за да постигнат гол а тоа им успеа на гостите. Во 82-ра лоша проценка за домашниот голман Јанков кој при една нафрлена топка, му падна топката а Адили реализираше за водство. Радоста траеше кратко, во следниот напад, откосо во 16-кот Ѓурѓевиќ шутираше, Ефремов не ја процени  топката која заврши зад неговиот грб, во мрежата. Круна на лошиот ден на голманот нa Борец беше 90-тата минута и една нафрлена топка, но наместо во рацете на Ефремов , кој беше само гледач, стигна до Ѓурѓевиќ за гол и водство и победа. Велешките фудбалери има за што да жалат, бидејќи не заслужија пораз, но трите бода остануваат во Скопје, благодарејќи на лошите одбрани на Ефремов.  Ова беше натпревар на две екипи кои имаа ист број бодови по 33 а со победата РК Работнички се искачи на 36 бодови.

По ова коло ФК Борец 1919 останува на шестата позиција со 33 бода а во следното коло, следниот викенд дома ја пречекува екипата на ФК Струга ТЉ која е четврта со 37 бода.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати