ФК Борец во борбата за опстанок го победи актуелниот првак ФК Шкендија

Петар Печков

Градски стадион Зоран Паунов Велес

судија:  Марјан Младеновски Скопје 

стрелец:  Радовиќ 12 мин, 41 мин. Силва 72 мин. Прелчец 78 мин за ФК Борец ; Алими 80 мин за ФК Шкендија 

ФК Борец 1919: Мустафа, Десниќ (ж), Гавриќ, Коцев, Прелчец, Радовиќ (ж), Ристевски, Силва, Стоименовски, Стојковски (ж), Трајановски  играа и Трајков, Лазаревиќ,  Абаз 

ФК Шкендија: Захов, Даљку, Мици (ж), Алими (ж), Ибраими Б. Ибраими А. Ахмети, Мурати (ж), Кривак (ж)(ж), Нафиу, Имери    играа и Нето, Радески, Фазли 

 Убедлива и сигурна победа забележаа фудбалерите на ФК Борец, на средбата со актуелниот првак екипата на ФК Шкендија од Тетово со 4:2 (2:0) 

Во важен натпревар за борбата за опстанок, фудбалерите на ФК Борец на домашен терен, на Градски го совладаа тимот на ФК Шкендија кој е второпласиран на табелата а и актуелен првак на Македонија, со 4:2.  Средбата беше од 22-тот коло на Првата лига.  натпореварот беше отворен со ефектниот гол на засилувањето од зимскиот преоден рок Радовиќ во 12 мин. Тој беше стрелец и во 41-та. На високи 3:0 зголеми Силва а Прелчец го дотолче нокаутираниот противник со гол во 78-та за 4:0.  Гостите од Тетово се вратија од нокдаун, со двата гола на Алими во 80-та и 90-та минута. 

Гостите од Тетово први се заканија уште во 4-тата минута со два удари од шеснаесетникот, но голманот Мустафа одлично реагираше и ги добрани. Во 17-та Прелчец од слободен удар од 17 м. ја погоди стативата.  Мустафа повторно одлично одбрани удар на гостите  од 5м. Борец во 45-таа преку Прелчец имаше можност да зголеми на 3:0 но гостинскиот голман одлично реагираше  одбрани. 

И по ова коло ФК Борец останува последен 10-ти на табелата со 24 бода, еден помалку од ФК Работнички и ФК Струга ТЛ.  

По ова коло следат две врзани  гостувања, в среда против Македонија ЃП во Скопје а недела во Кратово против Силекс.  За 18-ти, среда е дерби средбата со конкурентот за опстанок, скопски Работнички а во последното коло  на 21 март велешани гостуваат на ФК Ренова. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати