Уште една победа за одбојкарите во прволигашкото друштво

Петар Печков

Одбојкарите на ГОК Борец ја забележаа втората победа во Првата лига. Во третото коло ја совладаа екипата на ОК Лирија од Тетово со 3:1 ( 19, -20, -11,-26).Гостите немаат забележано успех во првите две кола.  По ова коло велешани се петти од десет екипи. Во следното коло ГОК Борец гостува во Пробиштип на екипата на ОК Весна, која по три кола има една победа.

Започнаа натпреварите од Првата футсал лига, двете велешки екипи забележаа порази. КМФ Кеги моби загуби со убедливи 0:5 од КМФ Арбен Бајрами а КМФ Велес со 5:6 од екипата на Железарец. И двете средби велешките екипи ги играа како домаќини.

Во Првата ракометна лига ракометарите на ГРК Борец забележаа една победа и еден пораз. Се одиграа натпреварите од шестото и седмото коло во групата „А“. Во саботата велешани се поразени дома во салaта Гемиџии од лидерот РК Драчево со 34:27 (18:9) а во неделата во салата во Автокоманда во Скопје,  славеа над екипата на РК Преспа  2015 со 31:26 (16:11), која како и велешани до овој натпревар имаше две победи. По првиот круг натпреварување во оваа конкуренција ГРК Борец е петти со три победи и девет бода, во конкуренција на осум екипи.

Во четвртото коло од Третата фудбалска лига Југ, од трите екипи од ОФС Велес, само ФК Превалец забележа победа. Тие на домашен терен со 3:0 славеа над ФК Вардар од Неготино со 3:0. ФК Илинден од Башино село загуби во Дојран од ФК Дојранско езеро со високи 6:1 а ФК Локомотива од Градско забележа пораз во прилепско Крушеане од лидерот ФК Напредок со 1:0. По ова коло ФК Превалец е втор со девет бода, ФК Локомотива од Градско е осма со шест а ФК Илинден БС е 14-ти од 16 екипи со три бода. Во следното  петто коло  ФК Локомотива во Градско го дочекува последно пласираниот ФК Габер кој нема ниту бод, во Башино село ГК Илинден игра со ФК Младост од Удово кој е трето пласиран со три победи а ФК Превалец гостува во прилепско Обршани на истоимената екипа, која досега освои пет бода и е 11-та.   

Во третото коло од Третата фудбалска лига Исток, играно во четвртокот, екипата на ФК Работник од Лозово на гостувањето во Радовиш, против последно пласираниот ФК Раклиш, кој немаше ниту бод, одигра реми 1:1. 

Во неделата пак се одигра четвртото коло а екипата на ФК Работник дома во Лозово загуби со 0:2 од петто пласираната екипа на ФК Спартмани  од Балдовце- струмичко. По ова коло ФК Работник е осми со четири бода а во следното коло гостува на трето пласираната екипа на табелата ФК Малеш во Берово, која има три победи. Оваа лига брои 12 екипи. 

фото фејсбук ГОК Борец

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати