Ученичката Магдалена Конева е Музата на Рацин

Петар Печков

Магдалена Конева, ученичка во четврта година во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“ од Велес е избрана за „Музата на Рацин“ - заштитно лице на 52-рото издание на поетската манифестација „Рацинови средби“.

 Од вкупно 9 пријавени кандидатки на Конкурсот „Музата на Рацин“, стручната жири комисија по спроведената аудиција со едногласна одлука ја избрала Магдалена Конева за заштитно лице на манифестацијата, информираа  од организаторот ФАД. 

Целта на Конкурсот „Музата на Рацин“ за избор на заштитно лице на „Рациновите средби“ е современ третман на Рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија, а воедно афирмација и промоција на младите од Велес и нивно активно вклучување во реализацијата на оваа поетска манифестација - велат организаторите. 

Со неа ќе се реализира целокупниот рекламен материјал на манифестацијата (фотосесија, програма, плакат, билборд и видео-спот), а ќе биде вклучена и во перформансите од уметничката програма за свеченото отворање и затворање на манифестацијата, предвидени за 11 и 12 јуни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати