Уписна политика во средните училишта не соодветствува со потребата на пазарот

Петар Печков

Ништо ново, и натаму дел од средните училиштата во градот нудат уписна политика, која не соодветствува во потребата на пазарот. Ова беше истакнато денес  на  седницата на локалниот економски совет,  за запишување ученици во прва година во општинските средни училишта за учебната 2020/2021 година.  Трајче Димитриевски директор на конфекцијата ЈУ-КА од Велесрече дека во градот нема приватна фирма која не се судрува со недостиг на работна рака од сите профили.

Проблемот јас го гледам во интересот што младите сакаа да работат.   Во делот каде јас работа, конфекција, текстил и кожарство интересот е никаков.  Иако сме најниско рангирани според платите, оваа гранка е прикажана најцрно иако не е таква состојбата. Сите забораваме дека има околу 32 илјади вработени а сликата за конфекционерите  во јавноста е многу лоша и тие се важна алка од која егзистираат многу семејства -  рече Димитриевски.   

Осврнувајќи се на уписната политика за наредната учебна година градоначалникот Аце Коцевски   констатираше дека состојбата е идентична како и лани, голем број на слободни места а мал број на ученици.  

Дел од директорите се водат од мислата за што повеќе  запишани ученици  за да имаат што повеќе паралелки, и да имаат што повеќе часови за наставниците и да немаат технолошки вишок, при тоа не водат грижа   колкави се потребите на бизнис заедницата. Таков е примерот со Економското училиште кое и годинава побарува пет паралелки со 170 ученици а лани едвај се запишаа 60.   А бројките на профили на невработени  во велешко, во Агенцијата покажуваат дека  213 лица се економски техничари а 44 продавачи. А се предлагаат да се запишат 68 ученици за економски техничар и 34 за продавач. За жал се на крајот се сведува на носење политички одлуки од страна на Советот и Министерството за образование. Со ова создаваме кадри за кои нема потреба бизнис заедницата и така го поттикнуваме иселувањето на младите  - кажа Коцевски.   

Додаде дека во ова училиште имало класови со по 10 ученици што го правел образовниот процес прилично скап. Генералниот директор на Жито маркети Ване Ѓошевски, кажа дека за следните десетина години нив ќе им требаат само и не повеќе од  две паралелки  за продавачи   за Велес, кои може работно да се ангажираат и дека пет месари им се затворени оти нема месари на пазарот.   Претставникот на кожарата кажа дека мораат да вршат обука на работници за да може да вработуваат, оти таква струка во Велес немало досега.

Директорката на средното Економско училиште Оливера Коцевска ги изложи нејзините аргументи зошто и годинава како и претходните години, запишуваат ист број на ученици. 

Лани имавме зголемување на бројот на ученици, откако Министерството за образование го намали бројот на  минимум потребни поени за упис.  Тенденцијата на намалувањето на бројот на  ученици е на ниво на држава не е  само кај нас. Струките кои годинава ги предвидовме, дел се нови атрактивни и очекувам зголемен интерес - рече Коцевска.   

Градоначалникот  Коцевски ја отвори дилемата и за медицинските паралелки во Хемиското училиште. Тој го презентираше ставот од стручни лица кои реагирале дека со медицинските паралелки се образува кадар кој потоа веднаш заминува за странство и не останува во земјава и ја прозва директорката на Димитрија  Чупоски, дали имаат излез од ваквата состојба.  

Точно е дека се иселуваат ученици од здравствени профили, но се иселуваат и од други профили.  По завршувањето на четврта година се запишува вонредно здравствена струка, дополагаат испити и си заминуваат со звање медицинска сестра, физиотерапевт, фармацевт. Во нашето училиште на неколку години имаме ротација на профили за да не создаваме хиперпродукција на пазарот - изјави Маја Хеско директор на Хемиското училиште.

Таа одговори и на реакциите од дел од присутните стопанственици дека нема струки кожар, текстилец, месар. Во ова училиште   имало струка за текстилец, пред неколку години, но за неа немало интерес. Слично било и за месар кога се пријавиле само тројца заинтересирани па затоа и не се распишувале повеќе уписи за нив.  На седницата на Локалниот економски совет од 29 членови, стопанственици  присуствуваа само десетина. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати