Триото Грациозо со турнеја во Словенија

Петар Печков

Македонското триото Grazioso (Грациозо)  кое   изведува дела од   класичната музика имаше турнеја по Словенија, низ Бела краина. Ова трио изведува класична музика  каде  членува и велешката Менче Богоевска - виолин  заедно со   неготинчанката Кристина Палија – сопран и штипјанката  Невенка Трајкова – пијано. Тие настапија изминатата седмица во  Чрномељ  на одбележувањето на денот на општината домаќин, потоа со самостоен концерт како и на хуманитарен концерт во Метлика. 

Бевме одлични примени, имавме полна сала на самостојниот концерт во Чрномељ. настапивме со дела од Масне, Обрадорс, Пуленк, Корсаков, Рахмањинов,    Елгар. На хуманитарниот концерт настапивме заедно со  оперската певица Аленка Готар,   поп  изведувачите Регина, Ади Смолар, Андраж Хрибар и многу други познати словенечки имиња - рече Менче Богоевска. 

Настапите на Трио Грациозо  биле во соработка на збратимените  општини Неготино од Македонија  и општина Чрномељ во Словенија, а во склоп на празникот на општината. На нивниот концерт гости биле и  Мојца Чемас Стјепанович –градоначалник на општината и г-ѓа Тања Фајон – словенечки  пратеник во Европскиот парламент. Организацијата на турнејата е на Заводот за образование и култура и Јавниот фонд за културни дејности на Словенија. Нивниот настап и гостување имал голем одѕив во тамошните медиуми. 

Еве и линк за дел од нивниот настап:

http://www.radiokrka.com/poglej_clanek.asp?ID_clanka=201960

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати