Тринаесет години за убиство во Копришница, демиркаписко

Петар Печков

Неготинчанецот  Дејан Коцевски  (45 год) доби 13 години затвор за убиство, кое според обвинителството го сторил со умисла.   Обвинетиот беше прогласен за виновен во Основен суд Велес, за дело кое го сторил на 19-ти април мината година, при што смртно настрадал Јане Давчев  (50 год) од село Тимјаник -неготинско. Пресудата не е правосилна.  

Настанот се случил  околу 17 ч.  во месноста викана „Селиште“- Копришница, атар на општина -Демир Капија, кога Коцевски  со ловна пушка “ТОЗ 63“ истрелал во правец кон Давчев, нанесувајќи му  рана во пределот на горниот дел од телото, по што избегал од местото на настанот. Коцевски делото не го призна, и рече дека не го сторил и не се чувствува за виновен.

Ништо не е точно, тоа што е наведено во обвинителниот акт.  Критичниот ден околу 14,30ч. телефонски ми се јави пријател да однесам јадење за него и тие што се со него во Копришница. Таму бев околу 16,40 ч.  кога им го предадов.  Со мене го носев загар кој го пуштив  да трча. Одејќи по него, сретнав бела лада нива во шумата, па се вратив назад. Ги прашав чиј е џипот, ми одговорија на Јане Давчев. Околу 17,50 се вратив за Неготино.  Кога се разбра за смртта, после седум дена  ме испитуваа во полициска станица, ме распрашуваше Ивица Антевски Пуки, мој близок пријател. Тој ми кажа дека јас сум го убил Јане, да потпишам изјава дека сум го сторил од небрежност, дека има завера против мене- се бранеше Коцевски. 

Членовите на семејството на сега покојниот Јане Давчев, кажаа дека обвинетиот дури бил присутен на погребот на нивниот сопруг и татко Јане.

Обвинителката Силвија Ивановска  дека убиството не е случајно.

Пушката не можела сама да пука, туку мора да се притисне чкрапалото.  Пушката имала браник, за да не истрела случајно.  Кај обвинетиот има регистрирано присуство на барутни честички, како и на други две лица, но тие не произлегувале од тоа пукање, туку од друго. Обвинетиот ладнокрвно го застрелал Давчев, па заминал и цела седмица се шетал и го терал животот, како ништо да не се случило - кажа Ивановска во завршниот збор.   Таа како доказ ја приложи изјавата на обвиениот, пред нејзиниот колега од кавадаречкото обвинителство, каде до детали го опишал настанот и како го застрелал Давчев. 

Доказите се вербални, нема материјални. Нема мотив за да биде убиството со умисла. Во ситуација кога во планината биле седум лица, осомничен и обвинет е само Дејан. Не може се да се базира на изјава на обвинител. Каква умисла може да има, ако обвинетиот е телефонски повикан да дојде планината, кога и не занел дека е таму сега починатиот. На листингот нема телефонски разговори помеѓу  обвинетиот и починатиот  - кажа адвокатот Ѕвонко Давидовиќ, бранител на Коцевски.

До правосилноста на пресудата обвинетиот останува во притвор.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати