Трагедија, во сообраќајка почина дете на година и пол возраст

Петар Печков

Траурна атмосфера наместо  свадба која требаше да се    одржи на Мотелот ,,На Велешко,,, близу езеро Младост, крај Велес. Тага и болка наместо радост  и веселба, таква беше вчеравечер атмосферата во салата откако во сообраќајка почина дете на возраст од година и пол.

Во несреќен случај, таксист  удри дете, кое од здобиените повреди почина.  Несреќниот настан се случил околу 19,10 ч.  вчера попладне на приодот од Мотелот ,,На Велешко,,, кога автомобил ,,фиат пунто,, со велешки регистарски таблички , го удрил детето.

Малото со родителите, излезе од таксито. Ненадејно се најде пред возилото кое го удри во глава, детето падна пред браникот. Неговите родители се блиски роднини со невестата, теи се  први братучеди. По ова свадбената свеченост, која и не започна, се откажа, беше многу мачна атмосфера – вели очевидец на настанот.

Од МВР го потврдија настанот, со дополнување дека возачот кој го управувал возилото е Ј.Р. ( 42 год) од Велес. На хируршкото  одделение од  велешката Болница, тажна атмосфера. Одделението преполно со блиски на детето, несудени сватови на свадбата, кои бараа лекарска помош, по стресот кои го доживеале. Сите  дотерани за радост, сега расплакани и во неверица.

Докторите информираа дека кај нив околу 19,40 ч. било донесено дете повредено во сообраќајка, кое не давало знаци на живот. И  покрај обидите за реанимација, тешките повреди на главата биле фатални, по што тие констатирале дека тоа е починато.

 Од МВР најавија дека увидна екипа на полицијата и јавен обвинител биле на местото на настанот. Телото е дадено на обдукција а автомобилот на технички преглед. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати