Стар мост затворен за сообраќај од среда до понеделник

Петар Печков

Од 29.10.2014 година (среда) од 08,30час. се до 03.11.2014 година (понеделник) до 16,00час. се воспоставува времен режим на одвивање на сообраќај за време на снимање на филмот „Ослободувањето на Скопје“ на повеќе локации во нашиот град.

Измените се однесуваат на следниве патни правци:

„Стар Мост“ ќе биде целосно затворен за сообраќај во посочениот период.  Возилата кои ќе сакаат да се упатат кон месноста „Поток“ или кон улиците Коле Цветков и Браќа Капчеви, ќе можат да го сторат истото од „Нов Мост“ преку улица Димитар Влахов, Петре Прличко и улицата Кресненско Востание.

Во одредени периоди, затворен за сообраќај ќе биде и дел од улица Петре Прличко (од маркет „Жито“ до крстосница „Малина“ ), кога сообраќајот ќе биде пренасочуван по улиците Кресненско Востание и Димитар Влахов.

Ќе биде целосно забранет пристапот за моторни возила кон паркинг просторите кои гравитираат на брегот на река Вардар, односно,  двата паркинг простора во близина на бифе „Пармак“ , паркинг просторот спроти магацин „Малина“ , паркинг просторот кај „Саат Кула“ и улицата пред Епархија Повардарска.    

Сообраќајот по улица 8ми Септември ќе се одвива редовно, без посебни забрани и ограничувања, со нагласување дека по потреба на филмската екипа сообраќајот времено ќе биде пренасочуван и на други улици, за што возачите навремено ќе бидат упатувани од страна на полициски службеници или од редарска служба.

 Соопштение на СВР Велес

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати