Старт за паметење, ФК Борец 1919 го совлада Вардар во Скопје

Петар Печков

стадион арена Тоше Проески
судија Ставрев - Скопје
стрелец Радовиќ 2 мин

ВАРДАР: Илиќ, Пентичук, Најдовски, Мицевски, Колевски, Цветановски, Наумчевски, В.Велковски.  Д. Велковски,   Попзлатанов Реџепи

БОРЕЦ: Мустафа ,Ристовски, Стојменовски, Стојчески, Коцев, Прелчец, Фернадно, Ефтимов, Ристевски, Радовиќ, Десниќ   играа и Трајков, Пеев,

Стартуваше новото првенство од Првата фудбалска лига  а велешки Борец започна со победа. И тоа на арената Тоше Проески, над фудбалскиот великан во Македонија ФК Вардар. Иако скромно со 0:1, со голот на Радовиќ во 67-та секунда, велешани можеа и поубедливо да победат, имаа пет гол шанси.

Домаќинот со подмладен состав и финансиски проблеми имаше само еден удар во рамките на голот, кој Мусафа го одбрани. Во следното коло игра дома на Градски со екипата на ФК Ренова.  Останатите натпревари во првото коло се играат утре. 

Ова е шестиот натпревар помеѓу овие две екипи во Скопје и досега Вардарци имаа четири победи и едно реми (1:1) но и победа од 7:0. Ова е прва победа за ФК Борец на гостувањето  кај Вардар.

По натпреварот тренерот на велешани Горазд Михајлов за „спортмедиа“ изјави:

“Да, задоволен сум од победата, иако искрено според шансите можевме и поувбедливо да го добиеме Вардар. Мораме да рботиме на реализацијата. Сметам дека апсолутно заслужено дојдовме до трите бода, покажавме дека и на гости сме знале за триумф. Честитки за моите играчи на прикажаното, а честитки и за Вардар за тоа што го покажа ако знаеме дека имаа само една недела подготовки. Со тој факт не треба да се намалува нашиот триумф, каков – таков, сепак Вардар си е Вардар“.

фото спортмедиа

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати