Старата железничка станица во Стоби ќе биде музејски простор

Петар Печков

Старата железничка станица  на локалитетот Стоби ќе стана музејски простор. Таму ќе има лапидариум и дел од експонатите, пронајдени  на археолошкиот локалитет  Стоби.  Проектот ќе се работи во две  фази а кога ќе биде завршен, Стоби ќе добие нова содржина и нова понуда за гостите и посетителите.  

 Ќе започнеме   со санација на  зградата, со замени покривната конструкција, фасадата. На долниот спрат ќе се добие простор каде  ќе се постават витрини и во него ќе се издвои и  изложи дел од движно културно наследство материјалот од Стоби. На горниот спрат во поткровјето се планира мала конференциска сала место за едукација каде ќе се прикажуваат филмови. Во задниот на зградата кој е свртен накај локалитет замислено е како отворен простор со трем и ќе биде сместен лапидариум во кој ќе има камени споменици скулптури натписи - објаснува директорката Светлана Блажевска.

 Во средишниот дел од просторот се планира кафетерија, со поглед на локалитетот Стоби, нешто што сега недостига. Проектот за адаптација и санација на Старата железничка станица во Центар за посетители    е со  изработено Идејно решение, пролетва треба да се започне со реализација. Годинава се одобрени средства во висина од 1,8  милион денари за реализација на првата фаза, а проектот се очекува заврши следната година.  

Центарот за посетители ќе ја збогати туристичката презентација на Стоби, ќе придонесе во зголемувањето на сопствените приходи на установата а со тоа ќе ја покаже и важноста од тоа една установа да биде самоодржлива, односно нејзиното функционирање да не е директно поврзано со буџетските средства - додава Блажевска.

Минатата година локалитетот го посетиле 14 илјади посетители, подеднакво странски и домашни. Од домашните  најбројни се учениците, и основци и средношколци. Но гостите немаат можност да ги видат досега пронајдените предмети и артефакти во археолошкиот локалитет Стоби.  Минатата година таму беше отворена сувенирница, која ја збогати понадата за гостите.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати