Срцевите заболувања на врвот, најопасни по здравјето

Петар Печков

29-ти септември е ден на заштита од кардиоваскуларните заболувања. По тој повод на платото пред зградата на Новиот театар се вршеше превентивно мерење на крвен притисок и на ниво на шеќер во крвта. Околу 50-тина велешани за час и половина ја искористија можноста  да се прегледаат и видат во каква здравствена состојба се.  Се делеа совети како да се заштита граѓаните од кардиоваскуларните зболувања.

Велешкиот Црвен крст единствен во Македонија го обележа овој  ден.  За илустрација лани во светот починале   7,2 милиони луѓе од срцеви заболувања. Згора на тоа 17,2 милиони луѓе кои починале од компликации предизвикана од  срцевите проблеми. Во Македонија 58 отсто од смртноста е од овие заболувања. Секој втор починат Македонец умира од срцеви проблеми, а само секој шести од малигна болест.

Овие податоци се алармантни. Во Европа  на 100 илјади луѓе 476 умираат од срце а во Македонија  582, што е над европски просек. Со овој број само Бугарија е на Балканот повисоко рангирана од Македонија.   Во Македонија, според Фондот за здравство најмногу лекови се  пијат против срцевите заболувања.

Д-р Милчо  Трајков  претседател на Општинскиот црвен крст, потенцира дека промоцијата на овие активности е воедно и порака до граѓаните да применуваат што е можно повеќе спортски активности и здрав начин на исхрана со здрава храна богата со овошје и зеленчук. ПХВ Недела на промоција нa хумани вредности e алатка на Црвен крст за мобилизирање на нови волонтери, на промоција на не насилство, на почитување, на мир.

Преку танцувањето младинците испратија порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме.

Ова година во рамките на одбележувањето на ПХВ неделата се организираше заедничко танцување, познато како flesh mob на кореографија на песната Happy (Среќен) од Фарел Вилијамс .


Еве што оваа седмица се одбележува од страна нa Црвениот крст:

Неделата на млади на Црвениот крст (1-7 Октомври),

Неделата на промоција на хуманите вредности (21-27 Септември) и

Светскиот ден на старите лица (1-ви Октомври)

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати