Средства за проекти од Општинскиот буџет за граѓанските здруженија

Петар Печков

Општина Велес ги повикува граѓанските здруженија, невалидниот сектор да аплицираат  со проекти, кои таа ќе ги финансира.  Основно е  организацијата, здружението да имаат идеја, како и кому да помогнат во општината. 

Граѓанската организација што ќе аплицира за добивање средства од Буџетот на Општина Велес за реализирање на проект/активност – самостојно или во партнерство со други субјекти (граѓански организации, установи, институци, бизнис сектор и сл.) мора да ги исполнува следните критериуми:

Активностите/проектите што ќе го реализира да се од интерес на граѓаните на Велес.

ГО да е со седиште во Општина Велес,

Да има сопствена жиро сметка

Да делува најмалку 2 години 

Да има реализирано проекти/активности од кои може да се види потенцијалот со кој располага (референтна листа)

Да има доставено финансиски извештај за реализирани проекти/активности финансирани од Општина Велес во претходната година

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати