Со мерцедес во бандера, со мотор во дупка, југо удри мопед

Петар Печков

Средата вечер, околу 22,15ч. на улица Благој Ѓорев дошло до сообраќаен инцидент кој има само материјална штета, повредени нема. Според СВР Велс возачот Х.Б ( 20 год)  управувајќи автомобил марка ,,мерцедес,, од непознати причини удрил во бандера која е пред зградата на велешки театар. Во автомобилот имало уште едно лице, и двајцата минел без повреди.  

Четвртокот  вечер   околу 22.30 часот на ул.„Мицко Козар“ пред куќен број 36 се случила сообраќајна незгода во која моторциклот марка „Сузуки ГСХ-Р 750“ со рег.бр.НЕ 2511-АБ управувано од Д.Г.(36) од Велес изгубил контрола над моторциклот и паднал во дупка каде се извршувале градежни работи и добил телесни повреди, истиот е пренесен во Општата болница во Велес. Од портпаролот на институцијата информација дека лицето имало полесни повреди на граден кош и набиеници на рака и нозе, бил здржан на  опсервација а потоа  бил  пуштен дома. 

Петокот  претпладне  околу 09.30 часот на кружниот тек во центарот на градот се случил сообраќајна незгода помеѓу ПА марка „Југо корал 55“ со рег.бр.ВЕ 532-БФ управувано од Т.С.(56) од Велес и велосипед со помошен мотор марка „Томос АПН 4“ управуван од Љ.Б.(49) од Велес. При тоа  возачот на велосипедот со помошен мотор добил Тешки телесни повреди а портпаролот на    Болница, информираше дека лицето е префрлено на Трауматологија во Скопје.  поради карактерот на повредите.

фотографијата од моторот во дупка е од ФБ профилот на  Ване Михајловски

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати