Со години затворен погонот на Еленица во Чашка, има ли надеж дека ќе проработи

Петар Печков

Повеќе години е затворен погонот на фабриката за тули ,,Еленица,, во населба Чашка. откако беше купен од страна на  фабриката ,,Еленица,, чиј сопственик е Трајче Заев, брат на сега актуелниот премиер,, таа не проработи. Тогаш сопствениците се жалеа дека имале сопки во рестарт и можност за вработување на 50-тина лица.    Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски кажа дека имал средба со сопственикот.

Оваа фабрика бара партнер за инвестирање во погонот во населба Чашка. Нивните информации кои се темелат на мострите земени од земјата од  глиништето кое се користи како репроматеријал, како изработка за изработка на тулите , покажал дека глината е многу квалитетна. Тоа се резултати од референти лаборатории во Европа. Па затоа сега се преговара со  2-03 фирми од истата дејност,за партнерство и учество и рестарт на фабриката. Сметаат дека таа глина е најдобро да се користи за керамида и за монти греди.  Нивните проценки покажале дека се потребни 15 милиони евра за рестарт и обнова на погонот - објасни Стојановски.   

Додаде дека е жално таа фабрика да не функционира  оти има квалитетна глина но и можност за вработување на 50-тина лица од општината.       

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати