Со Хабитат до стан

Петар Печков

Хабитат Македонија распиша покана со која  ги повикува заинтересираните граѓани од Општина Велес да се пријават за вклучување во Програмата за нови домови во Велес. Таа се однесува на избор на вкупно 9 семејства за вклучување во програмата за нов дом во објектот кој е во фаза на градба со вкупно 12 домови. Зградата е во завршна фаза и е лоцирана во населба Тунел,  на улица Невена Георгиева Дуња.  Конкурсот за заинтересираните е отворен до крајот на месецов 30 ноември. 

Претходно Хабитат изгради две згради со 24 стана, кои се одамна вселени.

Информации можат да се добијат  во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес (ул. Невена Георгиева Дуња бр. 4A, стан број 1, (приземје), во периодот од 09 ноември до 30 ноември 2015 година, секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот. 

Рокот за доставување на документите е најдоцна до 30 ноември 2015 година до 16.00 часот. Документите се доставуваат во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес, или по пошта во канцеларијата на Хабитат Македонија во Скопје (ул. Никола Парапунов 41, комплекс Макотекс 1 кат, П.ФАХ 407, 1000 Скопје. Контакт телефон: канцеларија Велес 070 224 286, канцеларија Скопје 02 30 61 890.

Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски примања. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати