Сообраќајка со еден починат пред Пошта

Петар Печков

Утрово околу 4,15 часот   се случи тешка сообраќајна несреќа во која има еден починат. Таксистот Орце Атанасов (52 год) починал на лице место , додека  Е.Б. ( 21 год) минал  без повреди. Според сведоците возилото  марка БМВ доаѓало од улица Благој Ѓорев и удрило во возилото ,,сеат ибица,, кој сообраќало од улица 8-ми септември кон  улица Алексо Демниевски. Глетката од сообраќајката била стравична.

Спиевме кога наеднаш слушнавме силен тресок. Помисливме дека е земјотрес. Излеговме на тераса и кога гледаме сообраќајка.  Возачот на таксито не можеа да го извадат од  колата, мораа да ја сечат пожарникарите. Имаше доктори, а кога го извадија тој беше починат – велат очевидците.

Поради страотната глетка и последиците, по завршувњето на увидот, комуналците на ЈКП Дервен мораа да ја перат улицата.

Од СВР Велес ја потврдија информацијата. Додаваат дека БМВ-то го управувал Е.Б, додека таксито сеат ибица О.А. Објаснуваат дека истрагата ќе покаже дали и колку промили алкохол имало кај учесниците во сообраќајката, и со која брзина возеле.

Ова место, спојот на улиците Благој Ѓорев и 8-ми септември е критично а уништената  канделабра не  е прва која е колатерална жртва на сообраќајки на спојот од овие две улици. И пресеченото дрво е токму поради тоа, од удар на автомобил во него.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати