Сообраќајка со еден починат на автопат Градско –Велес

Петар Печков

Вторникот вечерта, околу 23ч. на делницата од автопатот Градско –Велес се случила сообраќајка, во која има едно лице починато.  

До судирот на двете возила, дошло веднаш после наплатната рампа кај Градско  а двата автомобили возеле во   правец кон Велес.   Од СВР Велес го потврдија настанот.

На автопатот А-1 на релацијата Градско – Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил марка „Мазда 626“ со рег. бр. ВЕ- 784 БМ  управуван од Н.З.(18год) со шеснаесетгодишен сопатник, двајцата од Велес и автомобил  марка „Ситроен АХ“ со рег. бр. КУ 420-ЦЦ управуван од Б.С.(42) од село Псача – општина Ранковце.  Од добиените повреди на местото на настанот починал возачот на автомобилот „Сироен“, а возачот и сопатникот на „Мазда 626“ по укажаната помош во Општата болница – Велес се пуштени на домашно лекување – информираа од СВР Велес. 

Според сведоци на настанот едното возило удрило во другото, кое преминувало од една во друга лента  на коловозот. 

Увид на лице место во присуство на јавен обвинител извршила екипа од СВР Велес, а истрагата треба да ги открие причините за несреќата. Телото на починатиот Б.С. е предадено  на обдукција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати