Сообраќајка помеѓу скутер и автомобил

Петар Печков

Саботата напладне сообраќајка помеѓу автомобил и мотор, мотористот се тешки повреди пренесен  на Болниците во Скопје. Се случила близу споменикот на Панко Брашнар.  МВР со соопштение за настанот. 

Саботата на  7 јули околу 14,30 часот на крстосницата од улиците „Андон Шурков“ и „Благој Ѓорев“ во Велес, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Рено Меган“ со велешки регистарски  ознаки управувано од В.Л.(44) од Велес и мопед „Априлија“ со велешки регистарски ознаки управуван од С.П.(45) од Велес- информираа до МВР.  

На возачот на мопедот  кој бил повреден му била  пружена лекарска помош од  доктор на Итна медицинска помош и бил пренесен во ЈЗУ општа болница - Велес. Таму  му биле констатирани тешки телесни повреди и  според портпаролот Весна Лазареска истиот бил препратен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" на компјутерски томограф заради снимање и е задржан таму на лекување.  

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на сообраќајната полиција  и се работи на целосно расчистување на случајот.    

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати