Собрани 131 крвна единица во четирите средни училишта во Велес

Петар Печков

131 крвни единици се собрани во четирите крводарителски акции организирани во средните училишта во Велес.   Од нив 89 дарувале за прв пат, додека  54 од вкупниот број се девојки. За разлика од минатогодишните акции  кои се организираа во средните училишта, годинава има помалку собрани крвни единици и тоа за   14 или во 2016-та биле собрани 145 шишиња крв.   

 Во Средното стручно општинско училиште „Коле Неделковски“ на акцијата биле собрани вкупно 55 крвни единици од кои 35 од ученици кои прв пат даруваат, додека 18 од дарители од понежниот пол. Пет крвни единици беа дарувани од наставници вработени во училиштето.

Во општинското средно училиште „Јовче Тесличков“ на акцијата биле  собрани вкупно 26 крвни единици од кои 16 од ученици кои прв пат даруваат, додека 9 од дарители од понежниот пол. Три крвни единици биле дарувани од редот на вработените во училиштето.

Во општинското средно училиште Димитрија Чуповски. доминирале собраните крвни единици од учениците од понежниот пол, 22 од девојките и пет од момчињата, а 19 од ученици кои прв пат даруваа во својот живот, како и од двајца  2 вработени. Тука вкупно се собрани 27 крвни единици. 

 Есенските акции на дарување крв во средните училишта во градот,  завршија  вчера -вторник во Гимназијата  Кочо Рацин. Таму биле собрани 23 крвни единици,  од кои пет биле од девојки, еден од вработени а 19 ученика за прв пат даруваат крв.  

Сите акции се организирани  од Институтот за трансфизуона медицина од Скопје и Општинската организација на Црвен крст Велес.

loading...

Поврзани »

За дијабетесот
loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ќе користите атобуски превоз, ако се воведе, за рекреација на езеро Младост?

  • да
  • не
Резултати