Собирен центар за отпад од пакување, за картонска амбалажа

Петар Печков

Започна со работа Собирниот центар за отпад од пакување,  кој се наоѓа во непосредна близина на градската депонија. Со него управува и работи ЈКП Дервен. 

На локацијата се поставени депо за складирање на отпад од пакување и депо за складирање на електричен и електронски отпад, поставен е видео надзор, електронска рампа за влез, пелетар со мерна вага и преса за балирање донирани од ПАКОМАК Скопје, како и сите придружни  содржини неопходни за функционирање на собирниот центар.

Потребите за електрична енергија се обезбедуваат од сонце преку поставен фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија.

ЈКП Дервен доби Дозвола за складирање и третман на отпад од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање со што се исполнети сите предуслови за непречена работа на центарот – велат од Општина Велес, со чии средства заеднички со ЈКП Дервен е изграден собирниот центар.

Картонската амбалажа што секоја вечер се собира од централното градско подрачје и отпадот што два пати седмично се собира од домаќинствата вклучени во системот за селекција,  се превзема од овластен оператор со кој ЈКП Дервен има склучено договор. Со првата пратка ќе бидат предадени над 20.000 кг. отпад од пакување.

Локалните власти им се заблагодаруваат на соработката  на граѓаните и ги охрабруваат да продолжат ја практикуваат селекцијата на отпадот во  секојдневни активности. Граѓаните пак очекуваат повеќе садови за отпад од пакување по домовите, за да можат да вршат селекција.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати