Смоквата измрзна, велешани без дополнителен приход

Петар Печков

Велешани годинава останаа без  дополнителен приход од  берење на зелени смокви. Ако во периодот по  Ѓурѓовден вообичаени бројни семејства заминуваа по течението на реката Вардар, Тополка и Бабуна на берба на зелени смокви,  годинава останаа со празни раце.

Зимата ги измрзна смоквите. Студот кој беше и до  -20  ја опустоши ова овошка во велешко. Се изѕемна. Не можевме  ништо  да набереме. А минатите години зимавме и до 300 евра месечно пари од бербата и откупот. Така што  ова се одрази на домашниот буџет, планиравме да закрпиме  некоја дупка но ништо не излезе – вели велешанка.

Таа со семејството   секоја година береле од зеленети смокви.  Во велешко  има три фирми  Маслодајна, Јоми фуд и Уни стар  кои ја откупуваа смоквата но годинава  тие останаа без производство на традиционалното  слатко  од  зелени смокви.

Оваа година  не дојде  ниту едно лице да понуди  зелени смокви за откуп.  Иако со години наназад имавме голем интерес за оваа  дополнителна  дејност, годинава  откуп немаше оти немаше смокви. Измрзнаа од студот – вели Зоран Аврамов од Јоми фуд. 

За разлика од велешко, смоквата ја има во гевгелиско -валандовско, така што сепак традиционалното слатко, сепак  ќе го има по македонските трпези, но произведено само од јужните краишта.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (ОКТОМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каков превоз најчесто користите?

  • автобус
  • автомобил
  • воз
  • комбинирам
  • такси
Резултати