Службата за спасување доби опрема

Петар Печков

Локалната власт набави опрема за брза интервенција при несреќни случаи. Истата ќе се користи во случај на поплави и се состои од два гумени чамци, мотор и придружна опрема.

Со неа  ќе раководат пожарникарите  од Територијалната противпожарна единица а дел од неа се и спасителите на Општинскиот Црвен Крст.   

Формирањето на ваква служба  е законска обврска на општините.  Велешката постои со одлука на Кризниот штаб, добро е обучена и можат да реагираат доколку за тоа постои потреба. Сега ги обезбедивме и со дел од неопходната опрема - изјави градоначалникот Славчо Чадиев. 

 Вредноста на набавената опрема е  околу 330 илјади денари истите се обезбедени од општинскиот Буџет. Со набавената опрема ќе може да се интервенира во случај на поплави, кои последните години се чести во велешко. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати