Скулпторска колонија, фолклорен фестивал, концерт на класична музика

Петар Печков

Од локалната власт ги најавија културните настани кои во наредниот период ќе се случат во Велес.  Три културни настани ќе се одржат во Велес до првите денови на јули.

Ова го најави градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција.  Ќе има концерт на класична музика, скулпторска колонија и меѓународниот фолклорен фестивал или се содржина з сечиј вкус. 

На 19 јуни, среда ќе се одржи  концерт на млади уметници на класичната музика од Санкт Петерсбурт, Русија.  Првата скулпторска колонија    со учество на уметници од странство  ќесе одржи од 24-ти  до 7-ми јули. Од 3-ти до 7-ми јули  е најпосетената манифестација во градот, меѓународниот фолклорен фестивал - рече Коцевски. 

Прашан дали летово ќе се одржи Вардарската регата, Коцевски додаде

Досега никој од организаторите на манифестацијата не се јавил. Општина Велес не е организатор. Имаме одвоено средства за нејзина поддршка - додаде Коцевски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати