Скопјани доаѓаат во Велес на тестирање за Ковид-19, оти таму нема термин во „мој термин“

Петар Печков

Изминатите денови, четвртокот, петокот и денес сабота, дел од жителите на главниот град, кои се тестираат за ковид-19 патуваат до Велес и назад за да им биде земен брис. Така било и претходната седмица, кога во пунктот на Центарот за јавно здравје од Велес, доаѓале жители на Скопје.  

Така беше и претпладнево кога во 10 часот дојде екипата за земање на брисеви а целта обврска ја завршија за 20-тина минути, во кој период беа тестирани лицата кои биле пратени во „мој термин“  преку матичниот доктор. 

Низ Велес заглавив час и повеќе додека го најдов пунктот. Бев во Болница, не било таму, бев во Хигиенски, не било таму, па ме препратија тука, па еднонасочна улица тука смеам, тука не смеам,  едвај го најдов просторот. Не е во ред покрај толку здравствени институции во Скопје да не праќаат во Велес - кажа жител на Скопје кој се претстави дека е од населба Аеродром.

И останатите реагира  на тоа што никој не им објаснил каде е пунктот, па минале, како што додаваат повеќе време низ Велес отколку додека стигнеле до него. Велешани пак одат во Скопје на приватни клиники за тестирање од корона вирусот.  Освен скопјани претпладнето  имаше и жители на Свети Николе и неколку велешани. Но сите без исклучок реагираат на објектот каде се зема брис, тоа е некогашното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот, близу до автобуската станица и Бирото за вработување.    

Не знам како одлучиле да земаат брис во  објект кој е напуштен  и пуст,  не е здравствена установа. Башка и хигиената внатре не е најдобра - кажа две скопјанки од населба Кисела Вода. Нивен сограѓанин пак кажа дека сам се пријавил да дојде во Велес за земање брис.

Во Скопје сите термини кај матичен доктор се пополнети, така што кога ми рекоа дали ќе сакам за Велес, прифатив. Ако треба и за Охрид ќе одам, кога е во прашање моето здравје - рече помлад жител на Скопје.

Откако зврши семањето на брисеви, врабнотен од ЈКП Дервен изврши дезинфекција на просторот внатре и надвор од зградата, каде беа лицата кои се тестираа.

Во текот на вчерашниот ден, до Институтот за јавно здравје на Македонија беше поставено прашањето, зошто жителите на Скопје се обврзуваат да патуваат во Велес за бидат тестирани од КОВИД-19, таму кажаа дека немаат таква информација, но подоцна ќе ја препратат. Досега тие не доставија одговор на поставеното прашање.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати