Скопјанец доби две години затвор за пренос на еден килограм хероин

Петар Печков

Скопјанецот Ертан Лутфиов (19 год)  доби две години затвор, оти бил фатен со еден килограм хероин, при обид да го пренесе во земјава. Обвинетиот се спогодил со велешкото обвинителство, а судија од Основен суд Велес ја потврдил затворската казна од две години.  Според обвинението Лутфиов бил откриен на 2-ри  јуни годинава, во утринските часови, 3,50ч. на граничниот  премин Богородица, на македонско – грчката граница.   

Обвинетиот  бил во автобус на редовна линија од Турција за Македонија, со турски регистарски ознаки. При вршење на царинска контрола, кај обвинетиот пронајдени биле 4 пакетчиња, и тоа 2 пакетчиња облепени со селотејп на стомакот под маицата и 2 пакетчиња на двете нозе, наполнети со прашкаста материја со кафеава боја која реагира на НИК тестер за присуство на опојна дрога хероин, со вкупна тежина од 1.055 грама.

Ертан дрогата ја набавил во Истанбул, за паричен надомест од илјада  евра. Така „подготвен“ пријавениот се упатил кон автобуската станица во Истанбул и се качил на автобусот кој сообраќал на релација Истанбул – Струга.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати