Се пливаше далечински пливање на велешко езеро, победа за Илиевски (фото)

Петар Печков

Победник на вториот пливачки маратон, кој се одржа ан велешкото езеро Младост е Александар Илиевски член на ПК Студент од Скопје. Тој патеката од 10 км. ја исплива за 2.10. 08. На овој натпревар ов далечинско пливање учествуваа 50-тина професионалци од повеќе клубови кои пливаа на различни должини, 2,5 км, 5 км и 10 км.  

Ова беше соло трка за мене, сам против времето. На некој начин подготовка за следниот викенд кога се плива големиот Охридски маратон.  Условите идеални, езерото мирна патеката добро обележана- изјави победникот  Илиевски, кој учествуваше и минатата година, кога беше втор.  Додава дека пливал со половина  сили, постигнал солиден резултат и се чувал за Охрид.  Кај жените победи  единствениот учесник Евита Насевска од  ПК Бета. 

Во трките на 5 км. победија кај машките Никола Василевски од ПК Орион со  1.07.23 а кај девојките Марта Челиковска  од  ПК Орион  со 1.18.57. Таа победи на минатогодишниот натпревар, тогаш на 2,5 км. На патеката од 2,5 км победија Матеј Цветановски  од ПК Бета со 37.43 и Миа Крстевска ПК Орион  со време од 37.53. Победниците на овие патеки се добија по возбудлив и неизвесен финиш, каде се победуваше со еден замав на рака.  кај рекреативците,  меѓу 30-тина учесници победи велешанецот Ване Рибарски, кој е поранешен кајакар.   

Патеката беше одлична, јас сум во вода од мали нозе. Ова ми беше задоволство, ова мие хоби,  не напор.  Роден  сум за вода цел живот го минав со неа  -рече Рибарски кој победи кај аматерите  со свои 44 години. 

Организатор на натпреварот во далечинско пливање беше Здружението за спорт и рекреација клуб 28 финансиски поддржано од Општина Велес. 

Една година сме поискусни во делот  на организацијата и манифестацијата е  подобро технички организирана. Времето првиот ден не  ни се погоди,  па за еден ден го одложивме натпреварот на рекреативци. Задоволен сум од бројот на учесниците, се мина во најдобар ред. Догодина очекуваме подобар квалитет на пливачите - изјави Иле Попов, дел од организацијата на натпреварот.  

Натпреварот во далечинско  пливање беше прв од серијата која се бодува, следниот е на  6-ти септември  на Тиквешко езеро а завршниот е на Дојранско езеро на  12 септември.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати