Се издаваат дуќаните под Саатот

Петар Печков

Единаесет дуќани, во сопственост на АД за стопанисување со деловен простор се даваат под наем. Повеќето  се на улица 8-ми Септември а додека два се на улица    Благој Ѓорев  бр. 54 и Борис Трајковски бр. 3.

Тие што се на улица 8-ми септември се лоцирани во близина на занаетчиската улица близу Стар мост, кои што подолго време се празни.  

Квадратурата на просторот кој се изнајмува се движи од  4 до 79 м2.  Почетната цена е од 1,4 илјади денари  до 9,7 илјади денари, во зависност од квадратурата, но и местоположбата каде се наоѓа деловниот простор.  

Наддавањето ќе се изврши на 8-ми и 9-ти ноември. Право на учество имаат физички и  правни лица.  

Деновиве заврши пак наддавањето за издавање на дуќаните на  мостот Гемиџии, кои се близу зградата на ДОЗ. Тие се нудеа во два наврти за два месеци, поради слабиот интерес за изнајмување. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати