Се запали локомотива на железничката пруга Велес - Гевгелија

Петар Печков

Понеделникот наутро се запалила електрична локомотива, која сообраќала на линијата  Гевгелија - Скопје. Поради настанот, возот доцнел два часа.

На 3-ти јуни во 5,40 часот било пријавено дека во реонот на Демир Капија, помеѓу селата Миравци и Јаворица, дошло до опожарување на дел од локомотивата на патничкиот воз кој сообраќал на релација од Гевгелија кон Скопје. Повредени патници нема- информираа од МВР. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати