Се асфалтира делницата од крстосницата за Дреново кон Горно Врановци

Петар Печков

Започна втората и завршна фаза на комплетно асфалтирање на локалниот патен правец кон  историското  Горно Врановци, во должина од 1,3 км.

Асфалтирањето е од крстосницата за Дреново во правец на селото Горно Врановци. лани есента се асфалтираше делот од приодот кон селото. 

Минатата година се изврши реконструкција на локалниот пат во должина од 1,5 км ,со почетокот на оваа втора завршна фаза на реконструкција се заокружува комплетно асфалтирање на локалниот пат во должина од 2.8 км до клучката со регионалниот пат кој води кон село Дреново - изјави градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски.

Инвестиција е вредна 3,9 милиони денари,средства обезбедени од Биро за регионален развој. Ланските средства за асфалтирањето на делницата од 1,5 км во висина од  5.468.444, денари, беа  исто така  обезбедени од Биро за регионален развој.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати