Секој болен велешанец користи антибиотик

Петар Печков

Македонските а со нив и велешките пациенти  се повеќе ги употребува антибиотиците,  поради што започна кампања со која се едуцираат и здравствените работници и пациентите за  нерационалната употреба на   антимикробните средства и намалување на ризикот од антибиотска отпорност.

На врвот според употребата на овие лекарствава се пациенти од Пробиштип, додека најмалку ги користат Крушевчани. Велешани според бројот на рецепти на илјада осигуреници, користат  1.100 рецепти за антибиотици, што го става околу 10-тото место во земјава.   Според податоците на Фондот за здравство, антибиотиците после лековите за кардиоваскуларниот систем, за нервниот систем и дегистивниот тракт се на високо место според употреба. 

Континуирано во Македонија се бележи пораст на користењето на леарствата. Така ако во 2008-та биле препишани 10 милиони рецепти а до крајот на  оваа година можеме да очекуваме дека ќе имаме препишано 19 милиони рецепти. Така во 2012-та една третина од препишаните лекарства, антибиотици една третина бил за амоксицилин. Тоа е сигнификантно оти се употребува само еден антибиотик. Колку повеќе се употребуваат антибиотиците, толку  е повисок процентот на нивна отпорност     – изјави Кристина Христова  претставник од Фондот за здравство, од одделот за фармација.

Поради ова Министерството за здравство, заедно со Фондот а финансиски поддржано од СЗО и Владата на  Кралството Белгија започнаа кампања за нивно рационално користење ,,Антибиотиците не се храна,  за да ја добиеш од лекар,,  Стручните лица потсетија дека секоја непотребна примена  ја намалува нивната ефикасност.  

Кај една обична гушоболка, таа минува за седум дена, додека  со користењето на антибиотиците процесот се намалува за само 16 часа. Значајно се повисоки вредности на отпорност  кон антибиотиците во Македонија, отколку во земјите на ЕУ и се слични со земјите  на Југоисточна Европа.  Така во земјите на ЕУ во 2012-та процентот бил 18 а во Македонија во 2013-та 41 отсто.  Интересно е да се види дека антибиотиците најмногу во Европа се користат во нејзиниот Јужен – топол дел, Медитеранот, додека на Север- ладниот дел  најмалку. Сепак ова е светски проблем и Македонија не е имуна на него  – изјави  проф. д-р Никола Пановски.

Кампањата продолжува во десетина градови во Македонија за да заврши на 18-ти ноември, Светскиот ден за рационална примена на антибиотиците. Претходните години извршена е едукација на лекарите од примарното здравство а во оваа фаза акцент се става на Болниците, каде според податоците сме во врвот од земјите на Југоисточна Европа. Предавачите на трибината во Велес потсетија дека ако сакаме антибиотиците да бидат и понатаму ефикасни, треба соодветно и рационално да ги употребуваме.

Антибиотиците се лекови кои се користат за лекување на бактериски инфекции, како што се пневмонија, сепса, туберкулоза,  и тоа со убивање на бактериите или спречување на нивниот раст.. Антибиотиците немаат ефект врз вирусите и не треба да се употребуваат при вообичаени вирусни инфекции како што се настинките и грипот. –рече д-р Голубинка Бошевска од Институт за јавно Здравје. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати