Секој вторник и среда, основците од Скопјe на прошетка до Велес со воз

Петар Печков

Македонски Железници АД Транспорт започна со кампања  да ги едуцира децата да го користат возот и на начинот како се патува со ова превозно средство и уште од мали нозе да се навикнат на услугите на железницата.  Од почетокот на месец мај, два пати неделно основците од Скопје со воз го посетуваат Велес и се враќаат назад дома.  Ова е нов проект на МЖ наречен ,,Иднината ни е во воз,,.  

Целта ни е децата да ги едуцираме  како да се возат со воз. Ги учиме од вадење на билет на благајна, влегување и излгеување од возот, правила на однесување во возот, како се однесуваат  кондуктерот и машиновозачот. Пред се да  стекнат навика, децата да го користат возот како превозно средство - рече Саша Јовановски директор на патнички сообраќај при МЖ Транспорт. 

Поради ограничените можности, засега оваа услуга може да ја користат децата до петто одделение од скопски основни училиште. МЖ Транспорт им нудат два пакета, еден е со тргнување од Скопје во 9 ч.  пристигнување и  прошетка низ Велес и назад за Скопје во 12ч. Втората варијана е само возење со воз, тргнување  во 13,20 од Скопје доаѓање до Велес и веднаш назад во 14,25ч. 

Ова е така поради постојниот возен ред и бројот на патнички гарнитури. Кога ќе имаме повеќе возови, можеме да размислуваме за поголема, побогата и различна  понуда - додаде Јовановски. Оваа нова понуда започна да се реализира од почетокот на месец мај, и тоа во  вторник и среда оти останатите денови има некоја понуда за одредена категорија за гратис возење па во тие денови има  гужви. Колкав е интересот покажува фактот што до крајот на учебната година 10-ти јуни сите термини, за патување со воз до Велес, на скопските основци  се пополнети.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати