Седум и пол години затвор за дедото на Тамара

Петар Печков

Љупчо Стојановски (61 год)  од Велес, дедото на малата Тамара,  за обид за убиство на екс министерот Никола Тодоров  доби седум и пол години затвор доби. Оваа затворска казна му беше изречена денес во  Основен суд Скопје 1. 

Судијката Софија Лаличиќ истакна дека судот сочувствува со семејството за загубата на малата Тамара, но додаде дека правдата не се добива со ”око за око”‘.

Обвинетиот посегнал по животот на оштетениот бидејќи го сметал за најголемиот виновник за смртта на Тамара. Но тоа не е патот до правдата. Оштетениот е жив не затоа што обвинетиот не сакал да го убие, туку затоа што Тодоров се наведнал, истакна судијката.

Таа додаде дека обвинетиот се бранел дека само сакал да пука во воздух и да ја пренесе пораката- Да нема повеќе други Тамари!, но како што рече, со пукање во глава на министер немало да се пренесе пораката.

Судијката констатираше и дека за смртта на Тамара на обвинителна клупа се 12 обвинети. Меѓу нив не е  тогашниот министер Никола Тодоров. Љупчо Стојановски пред еден месец доби една година затвор за нелегално поседување на пиштолот со кој пукал. Неа ја изрече Апелација откако Основен суд Скопје 1 му досуди условна затворска казна.   

Стојановски во  одбрана се бранел дека носел пиштолот, но само за да пука во воздух како предупредување да не се повтори неправдата на неговата внука. Нему му е продолжен притворот, со образложени дека може да го повтори делото. 

Настанот се случи лани на 1-ви јуни, во 11часот пред примопредавањето на министерската позиција на влезот во зградата на Министерството. Кога  Тодоров стасал до последната скала, обвинетиот му се доближил, го вперил пиштолот на 30 сантиметри од  главата и испукал три пати  без предупредување. Обебзедувањето спречило Стојанвоски да пука во Тодоров. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати