Свечена заклетва на 26-тата генерација војници доброволци во АРМ (фото)

Петар Печков

 Нови 123 војници доброволци ја додоа свечената заклетва во велешката касарна. Тие се 26-тата генерација војници на АРМ, кои наредните три месеци воениот рок ќе го служат во касарната ,,Алексо Демниевски Бауман,,. Меѓу доброволците се и шест девојки, меѓу нив и штипјанката Габриела  Јанева

 Денес дадов заклетва и се чувстувам возбудено, горда и среќна  што сум дел од АРМ. Се надевам и очекувам дека еден ден ќе станам  и активен војник. Одамна ме привлекуваше униформата и војничкиот живот и затоа решив да станам војник доброволец - објаснува Јанева која има само 18 години

. Неодамна завршила со средното училиште и  полагала матура   и веднаш заминала во АРМ. Од полагањето на заклетва и овој чин, солзите не ги криеја двете   баби на Габриела, кои дојдоа да и честитаат и ја поздрават. Во оваа калса војници имаше доста скоро голобради момчиња, 18 и 19 годишници, кои дел од животот решиле да минат во армијата.    

 Голема ми е желбата, дел од животот работно да минам  во униформа, и работите да ги вршам дисциплинирано, одговорно и совесно. Себе си се гледам како иден професионален војник -  рече Аладин Шкриељ деветнаесет годишно момче од Скопје.

Првите десетина дена од новиот војнички живот  тој и колегите ги минале во адаптација на новата средина, велат за почеток било тешко  и напорно, но сега влегле во секојдневна рутина. Свечената заклетва им ја честиташе и заменикот министер за одбрана Иљми Селами.

Во наредните три месеци вашиот труд и секој Ваш успех што ќе го постигнете, се посветени на највредното нешто што  го имаме Република Македонија. Радува фактот што обучувањето на младите луѓе како Вас е чин на созревање на младите генерации но и негување на патриотизмот и љубовта кон татковината. Бидете горди што сте дел од  АРМ која е изградена во професионален дух и почитувана кај сите граѓани - рече Селами.

Полковникот Љубенчо Петровски заменик командант на Командата за обука, пак  најави новина која ќе започне да се применува од оваа генерација војници доброволци.

Во рамките на обуката, времено ќе бидете преместени во  други гарнизони, со цел проширување на сознанијата за функционирањето на АРМ. Очекувам Вашето однесување да биде пример за  градење цврсти меѓу човечки односи. Во армијата нема место за национална, верска, партиска или било која друга подвоеност. Војничката средина овозможува подобро запознавање на другите, тоа е богатсто наследено со векови, кое треба да се чува и негува - рече Петровски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати