Светот ни даде шанса, да ја искористиме

Петар Печков

Македонија постигна напредок во реформите и сака да оди напред, светот ги отвора вратите, рече на денешната прес конференција Дејан Арсовски претседателот на ОО  СДСМ  за Велес. Тој потенцира дека Македонија добива поддршка, помош и подадена рака од двата најголеми сојузи во светот НАТО и ЕУ. 

Светот ја препозна промената и ни даде шанса како никогаш до сега. Со договорот со Грција се отворија вратите за нашето полноправно членство во НАТО и за почеток на преговорите за членство во ЕУ.   Земјите членки на двата сојуза сакаат да ја видат Македонија рамноправна, со право на глас во семејството на западнати демократски држави. Тоа ни гарантира стабилна и сигурна иднина - рече Арсовски. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати