Санацијата на Градскиот базен чини 50 илјади евра

Петар Печков

За санација на Градскиот базен во Велес потребни се 50 илјади евра, пари кои локалната власт ги нема предвидено во Буџетот.  Затоа општинсктеи власти го нудат објектот за изнајмување, доколку некој се реши да ги влоижи тие пари во санација. Ова го кажа градоначалникот на Велес, Аце Коцевски по интересот на јавноста дали овој рекреативен објект летово ќе работи.

Базенот не е безбеден за употреба и не смееме заради некаков економски интерес или забава да ризикуваме и загубиме човечки живот. Направена е пресметка за чинење на градежните активности за санација на бетонската конструкција околу базенот, механичката опрема, пумпите и опремата за хлорирање на водата. Проценетата вредност за интервентно решавање  е околу 3,1 милион денари но и тоа нема да ја реши долгорочно состојбата. Потребна е темелна реконструкција на Градскиот базен, кој е стар четири децении. Останува можност да се стави во функција објектот ако се јави некој потенцијално заитересиран партнер да ги вложи тие пари  и да стопанисува со него. Општината нема предвидено толку пари со локалниот Буџет за санација  - изјави Коцевски.   

Тој потсети дека и покрај договорот за наем, три години  ништо не е плаќано кон локалната власт од страна на изнајмувачот. Последните години на базенот се бележеше намалена посетеност а поради дефект на хлоринаторот цел август 2016-та базенот не работеше. Велешани за рекреација ги користеа базентите на угостителските објекти во околината на градот.   

Неодамна таму  престојуваше делагација  од стручни лица  при Институтот за земјотресно инжинерство и сеизмологија  од Скопје (ИЗИС). Тие дадоа стручно мислење за состојбата на  базенот и препорачаа целосна санација.

Бетонските  покривни плочи се во многу  лоша состојба.   Таа средина, која ја викаме агресивна средина,  каде  има испарувања од водата, има хлор , па состојбата на арматурата и самиот бетон е  во мошне лоша.  Затоа на надлежните во локалната власт ќе им препорачаме, да имаат сериозен пристап. Во ваква состојба како што е, базенот е  во загрижувачка состојба  и може да има несакани последици. Бетонот и арматурата се  во  мошне, лоша состојба - изјави проф Влатко  Шешов, директор на   ИЗИС, кој беше на увид   со  негови  колеги.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати