Само двајца возачи за пет часа, неправилно престигнувале во Велес

Петар Печков

Сообраќајната полиција, понеделникот претпладне, пет часa контролирала, дали возачите правилно престигнуваат.

Понеделникот на 18 ноември  во периодот од 7 до 12 часот на територијата на СВР Велес била спроведена акциска контрола на возачи кои вршат непрописно престигнување. Притоа, биле констатирани четири прекршоци, од кои два во Велес, еден во Кавадарци и еден во Неготино - информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

За сите прекршоци изречени биле  соодветни казни.  Истовремено вчера, вакви  контролни акции биле одржани на подрачјето на СВР  Штип каде биле регистрирани  23 прекршока, од нив  шест на подрачјето на Штип, седум во Кочани, седум во Виница и три во Свети Николе, во Струмица 12, во Тетово 15.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати