Сакам да играм на филм

Петар Печков

Во старата зграда на Велешкиот театар се одржа кастинг за статисти на филмот на  Раде Шербеџија ,,Ослободувањето ан Скопје,,. Бројни сограѓани, но и од околината се пријавија на аудицијата.

Сите со надеж дека барем за кратко ќе се појават на големото платно но и ќе заработат некој денар.

Јас сум од Извор, дојдов за статист. Бев и  дел од екипатa нa,,Трето полувреме,,.  12 дена бев ангажиран, еве и сега ме примија. Само имам проблем како да дојдам во Велес во 6 наутро кога не бараат- рече жител на селото Извор.

Со него имаше  и неколку пријатели на свои 50 и фазла години, кои се пријавија  и беа примени за снимањето на дел од филмот, кој ќе се работи во Велес.  На  аудицијата се пријави и Миливој, велешанец кој често се сретнува по градот.

Дојдов да се пробам, зашто да не. Можам да имам и ја улога во филмот, барем како статист – рече тој.  На  аудицијата имаше и бројни млади велешани, кои тука видоа шанса за го поправат тенкиот студентски буџет.

Се пријавив, добредојден е секој денар. А може ќе ме фати камерата па да направам и кариера – вели млада велешанка, низ смеа. Меѓу пријавните имаше и деца на 6-7 години, но и возрасни на свои 60-тина и фазла.

Ја сум дел од градското живеење, се пријавив и така сум глумел на многу филмови. Па да се покажам и во  овој - рече популарниот Пампик. Меѓу кандидатите имаше студенти, невработени, државни службеници, земјоделци, млади и постари.

Од пријавните се бараше дали имаат некакво искуство на филм или театар, како и  бројот на облеката и кондурите.  Се разбира им беше кажана и цената на статирањето од ден...

Кој се беше одбран ќе видиме на 31 октомври, петок, кога ќе падне првата клапа од филмот на Раде  Шербеџија ,,Ослободувањето на Скопје,, кој десетина дена ќе се снима во Велес. Првата клапа е близу Стар мост, кога ќе има натпревар на веслачи на Германците и Бугарите по Вардар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати