Саботна акција за чистење на градот ,,Не валкај - разубави, ден за Велес,,

Петар Печков

За сабота, градоначалникот на Велес Аце Коцевски на прес конференција  ја најави големата еколошка  акција ,,Не валкај - разубави, ден за Велес,,. Таа ќе се одвива со почеток во 9  часот, на три локации во близина на Стар мост, на Градскиот стадион и на игралиштето во населба „Тунел“.

Ќе се чистат  улица „Димко Најдов“, улица „Луј Пастер“, Градскиот фудбалски стадион и  улицата„ Благој Ѓорев“. Заради високиот водостој на Вардар избегнат е  крајбрежниот појас покрај реката за да не дојде до некои несакани последици.

Ги поканувам сите граѓани со добра волја да ни се приклучат. Цел ни е Велес да биде убав и чист град, убаво, пријатно и посакувано  место за живеење. Да ги  смениме нашите лоши навики, да ја подигнеме и зголемиме нашата свест , многу повеќе да се грижиме за чистота на нашите улици, маалта, паркови дворови - изјави Коцевски.  

Акцијата се  организира заедно со ЈКП Дервен со основните и со средните училишта, урбаните заедници, општинската организација на Црвен крст, Територијалната против пожарна единица, Центарот за управување со кризи и со повеќе граѓански организации. ЈКП Дервен има обезебдено алатки, кесиња за смет и ракавици за учесниците во акцијата. - 

Акцијата не е  ограничена на споменатите локации. Коцевски ги повика  фирмите, Урбаните и Месни  заедници, граѓаните индивидуално и преку куќните совети да се организираат и да  се приклучат.  Да исчисти секој во својот двор, маало, улица. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати