СДСМ - полицијата не дозволи вадење на луѓето на избори, еден по еден , за уши

Петар Печков

Писмена реакција на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Општинска организација Велес на вчерашниот прес на ВМРО ДПМНЕ, одржан од страна на Петре Саздов: 

Наместо вчерашниот ден да го искористат за да ја честитаат победата на СДСМ и да објават дека во иднина ќе бидат конструктивна опозиција, ВМРО ДПМНЕ и Петре Саздов се обидуваат да најдат оправдување за падот на нивниот 11 годишен режим.

Но, оправдување нема, граѓаните го срушија режимот и на Парламентарните и на овие Локални избори. Груевски е минато, а неговите послушници на локално ниво се опозиција.

Господине Петре Саздов, зошто  ја напаѓате полицијата ?

Полицијата беше онаа, која  храбро ги спречи сите обиди за поткуп и присилно вадење на луѓето за на сила  да гласаат. Може не Ви се допаѓа тоа што полицијата не дозволи вадење на луѓето, еден по еден , за уши, како што викаше вашата Гордана Јанкуловска ?

Од СДСМ можете само да учите како се управува, без да се злоупотребува ! Од СДСМ можете само да учите како се ценат и сакаат своите сограѓани !

Господине Петре Саздов :

Режимот на ВМРО ДПМНЕ е поразен ! Ќе има живот во Велес, но  ќе има и одговорност !  Никакво празни обвинувања нема да ги спасат криминалците од ВМРО ДПМНЕ!

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати