САД на АРМ и подарија Центар за симулации вреден 1,4 милиони долари

Петар Печков

Во Командата за обука на АРМ, во велешката  касарна Алексо Демниевски  Бауман,  беше предаден на користење  Центар за симулации. Во него САД вложија 1,4 милини долари  и  со овој систем, се подига квалитетот на обука на македонските кадри а при учество на заеднички воени  вежби, од Македонија ќе може да  се следи работата на војниците на  АРМ во  соседството.  

Ново опремениот Центар за симулации го предадоа за користење  американскиот  амбасадор Џес  Бејли, претседателот Ѓорге Иванов и началникот на генералштабот на АРМ Методија Величковски.     

Ова е уште еден практичен пример  за соработката меѓу   САД и Република Македонија.   Евроатланско партнерство е клучно и оснава   за справување со  растечките закани кои ги имаме во Европа и надвор од неа. Оваа опрема е доказ како треба да се инвестира  во  ваквиот вид на систем. Ова е скапа инвестиција но и паметна инвестиција. Таа  ќе ја подигне  подготвеноста на офицерите и можноста да изведуваат операции во реални услови – рече Џес Бејли   амбасадорот на САД во Македонија.  

Тој потсети дека кон крајот на овој месец нов  континент на македонски војници ќе замине за Авганистан и се заблагодари на помошта која   Македонија ја дава и  најави дека ќе продолжат да ја подржуваат во подигањето на нејзините армиски капацитети.

Стратегиското партнерство која Македонија го има со САД, се покажува во пракса преку оваа помош. Со оваа донација, можноста за обука на командите и штабовите се подига на повисоко ниво со дополнителна можност нашиот центар да се поврзе со сличните во регионот.  Така ќе добијат поквалитетна обука иако најдобра а е таа на терен. Но    подготовките,   носењето на одлуки, организацијата  на штабната работа ќе  биде подигната на  највисоко можно ниво, АРМ покажува во пракса дека е достоинствен партнер за зачленување во НАТО- рече генерал Величковски.    Посетата на велешка касарна Алексо Демниевски бауман, во која доброволно отслужуваат воен рок, припадници на АРМ, Бејли ја заврши со заеднички ручек а на трпезата беше војничко гравче. 

Во посета на велешката касарна беше и претседателот Ѓорге Иванов, кој  ги обиколи сместувачките и капацитетите за обука на КОД, ги посети војниците кои се наоѓаат на доброволно служење на воениот рок и  се запозна со условите за нивниот престој и работа, а ги посети и слушателите на тековниот курс за први подофицери.

Воедно, од страна на КОД пред присутните ќе биде презентирана и воено стручна литература која е изработена како дел од активностите за одбележувањето на 25 години од формирањето на АРМ.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати