Рекордни победи на велешките екипи во футсал и ракомет

Петар Печков

Изминатиот спортски викенд го одбележаа високите победи на екипите на Велес во футсал во првата  лига и на Борец во ракомет  во Супер лигата. Во второто коло, екипата на КФМ Велес, дома го растури новајлијата  Цико од  Стојаково со дури 23:0. ПО две кола велешани се лидери, со де победи и убедлива гол разлика. Во следното коло  КФМ Велес гостува на Хедис , кој по две кола е четврти со четири бодови. 

Ракометарите на ГРК Борец  исто така дома славеа со 38:20, проти екипата на  Работнички од Скопје.  Во натпревар во кој единствено не се знаеше со која предност за домаќините ќе заврши, во редовите на Борец без малку сите за запишаа во листата на стрелците.  По седум гола кај домаќините постигнаа Зоран Стојановски и Ивица Илиев а ист број погодоци кај гостите  забележа Дарио Симоновски.  По две кола ГРК Борец е четврти со три бода колку што има и екипатa на Охрид, со кого играат следниот викенд. 

 Фудбалерките на ЖФК Борец на гостувањето во Битола со екипата на Топ Гол одиграа нерешено 2:2. По три кола тие се   трети во Првата лига со пет бодови,. Во следното  коло ја пречекуваат екипата на  Атлетико, која е претпоследна со еден освоен бод. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати