Реактивирање на пензионерска амбуланта

Петар Печков

Велешкиот Пензионерски дом ја реактивраше пензионерската здравствена амбуланта. Така велешкиот дом е прв во Македонија кој нуди ваква услуга за највозрасната група граѓани.

 Во неа здравствени совети и нега ќе добиваат членовите на здружението а за нивното здравје ќе се грижат и таму   ќе работат д-р Благој Јорданов специјалист интернист и д-р  Стојан Кулеџиоски, додека  медицинска сестра е Оливера Поп Тодорова. Сите тројца се  волонтери,  сестрата ќе работи попладне, секоја работен ден, додека докторите претпладне во среда. 

За подобри услови за забава и минење на слободното време, поставена е и настрешница во тремот од објектот,  за заштита на  дел од гостите во Пензионерскиот дом.

 Оваа свеченост се одржа половина година по доаѓањето на новото раководство а на неа беа присутни бројни пензиониери,  како и членки на Активот на жени пензионерки.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати