Рациновите средби повторно со меѓународен карактер

Петар Печков

И годинава Велес ќе му оддаде почит на Коста Солев Рацин  а оваа година е особено значајна затоа што  с одбележуваат  три значајни јубилеи:  110 години од раѓањето, 75 години од смртта на поетот и 55 издание на културната манифестација „Рацинови Средби“.

Годинава  Рациновите средби ќе се одржат на 13, 14 и 15 јуни во Велес и по неколку години пауза се враќа посетата и оддавањето почит на Лопушник, каде е загинат Рацин. Локалната власт, која годинава е повторно организатор на манифестацијата  најавува  богати содржини и учество на еминентни писатели и поети од земјава и од странство. 

 Рациновите средбни се една од трите најзначајни манифестации во Македонија, по Охридско лето и Струшките вечери на поезијата. За жал тоа не е така, и ќе сториме се да им ја вратиме позицијата која манифестацијата ја заслужува, создадена со годините наназад - рече Аце Коцевски, градоначалник на Општина Велес и претседател на организциониот одбор на манифестацијата.

 Активностите започнуваат на Лопушник на 13 јуни каде ќе се посети местото на загинувањето и споменикот подигнат во чест на Коста Солев. 

Одбележувањето во Велес ќе започне на 14 јуни (четврток) во 18:30, со традиционалното положување букети цвеќе на Спомен костурницата и засадување на садници во Рациновата шума од страна на овогодинешните лауреати.

Делегациите ќе положат букети цвеќе пред спомениците на Рацин во центарот на Велес и пред гимназијата што го носи неговото име.  Во 20 часот во холот на театарот „ЈХК-Џинот“ ќе биде отворена изложба на портрети на Рацин од академскиот сликар Ангел Петров. Свеченото отворање на Рациновите средби е во 20:30 часот, во театарот. Годинава честа да ја напише Беседата за Рацин ја има проф. д-р. Кристина Николовска. Околу 20 поети од земјава и странство  ќе учествуваат на традиционалниот поетски митинг.

Во рамките на културната програма ќе настапи и Камерниот-црковен хор „Св. Великомаченик Пантелејмон“, а вечерта настап има  македонскиот виртуоз на гитара  Влатко Стефановски.

На 15 јуни (петок) активностите започнуваат во 11 часот  во театарот „Јордан Хаци Констатнинов Џинот“ со Меѓународна конференција на тема „Афирмацијата на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик - Рацин и македонскиот јазик“. Конференцијата на која ќе учествуваат истакнати академици, писатели, поети и литературни критичари од земјава и странство е во организација на Советот за македонски јазик при Владата на Република Македонија.

Во 19 часот е предвидена  посета  на спомен куќата на Рацин каде ќе  биде промовирана  книга од проф. д-р. Вера Стојчевска Антиќ посветена на Коста Солев Рацин. Во спомен куќата реч за Рацин ќе има добитникот на Почесното Рациново признание. Во работилницата на Рацин, во соработка со ЗГ „Разбој“  ќе има  изложба насловена „Рацин и грнчарството“ .

Манифестацијата се заокружува со портрет на добитниците и доделување на наградите Антологија на Болката, Почесното Рациново и Рациновото признание за 2018 година. Во чест на добитниците концерт ќе одржи етно-групата „Љубојна“. Од локалната власт местото на одржувањето ќе го соопштат во зависност од временскитепригоди, дали ќе биде на затворено или во амфитеатрот на Младинскиот парк.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати