Расте свеста за селекција на отпадот, лани велешани фрлиле 61 тон отпадно стакло

Петар Печков

Од година во година расте свеста на велешани за селекцијата на отпадот. Така во 2020-та собрани се  61,226 тони отпадно стакло, од нив  34 тони од граѓаните и  27,2 тони од угостителите. Ова се бројките кои ги доставија од локалната власт, по поставеното прашање за количините на собрано отпадно стакло. 

За споредба во 2019-та   собрани биле   42 тони  отпадно стакло, од нив 27,861 тони се  од домаќинствата и 14,060 т. од кафулињата и рестораните. Во 2018-та било собрано  21,7 т отпадно стакло додека во првата година на негово организирано собирање, 2017-а  имало скромни  три тони.

Лани имало  намалување  при  собраните отпадни батерии, и тоа за 50 кг помалку отколку во 2019-та. Или во бројки лани биле собрани 81 а  година дена претходно  биле собрани 131 кг. за споредба во 2018-та биле 48кг а во 2017-та 40 кг.  

Минатата година собрана е електрична и  електронска опрема како отпад во количина од   5.571 кг  што е блиску до таа од 2019-та кога имаше 5,8 тони. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати