Ракометарите редат победи, фудбалерите бележат порази

Петар Печков

Изминатиот викенд за одбележување е победата на машката ракометна  екипа на Борец во Првата лига. Таа на гостувањето во Гостивар ја победи екипата на Јехона со 33:25, полувреме  17:9. Со оваа пролетна  серија без пораз младите  велешки ракометари се најдоа на делба на второто место, заедно со екипата на Работнички од Скопје, која има два натпревари помалку. До крајот има уште три кола и шансите за  второто место кое носи разигрување за пласман во Супер лигата за Борец  се минимални, иако во последното коло во Велес играат токму Борец и Работнички. Женската екипа на Борец оваа недела паузираше. 
 
Во првата футсал лига екипата на Велес играше во Скопје против Мал Ајакс и загуби со 5:3 со што велешани останаа на 7-то место со 25 бода. В недела е дербито за опстанок со екипата на Шкендија а средбата се игра во Велес.  

Фудбалерите на Борец редат порази. Во саботата во 23-тото коло загубија дома со уверливи 6:0 до екипата на Врапчиште. Денес се играше и вонредното 24-то коло а велешани загубија од Новаци во Битола со 2:1. Борец е претпоследен 15-ти со скромни 14 бода.

 Фудбалерките на Борец требаше да ги играат полуфиналниот натпревар од купот, против лидерот Кочани. По барање на гостинките средбата е одложена за 3-ти мај.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати