Радоста на Вардарци откако станаа ракометни прваци на Европа (фото видео)

Петар Печков

 Со победата  над екипата на Пари Сен Жермен  од  Франција, скопски Вардар стана клупски првак на Европа во ракомет. Во финалето на завршницата на Лигата на шампионите, во Келн Вардар славеше  со 24:23, со голот на   Чупиќ во последната секунда од натпреварот.

Така по големата радост од 2002-та кога Кометал стана Европски првак во ракомет жени, тоа  сега им успеа  и на машката екипа на Варда. 

Можност велешани да им ја честитаат Европската титула на Вардарци ја имаат среда во 19ч. кога во салата  Гемиџии ќе се одигра последниот натпревар од плеј офот за титулата првак на Македонија, кога ГРК Борец го дочекува Вардар.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати