Пуштена во оптек кована пара за колекционерски цели „Владимирска“

Петар Печков

Народната банка на Република Македонија соопшти дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Владимирска“ од серијата „Икони на Пресвета Богородица“ 

На аверсот на кованата пара „Владимирска“ во централниот дел е претставен приказ од Благовештението, врз основа на фреска од македонската црква којашто се наоѓа во селото Старo Нагоричане (од 1313 до 1318 г.). Во горниот дел е прикажано името на издавачот на монетата - Република Македонија (на македонски јазик) и грбот на Република Македонија. Под грбот е прикажана годината на издавање на монетата – „2016“. Во долниот дел од аверсот е прикажана номиналната вредност – „100 денари“ и ознаката „Ag925“, како и тежината на монетата – „31,1 г“.

На реверсот, во централниот дел е прикажан портрет на Пресвета Богородица Владимирска, врз основа на делата на Строгановската школа за иконопис (Русија, крај на XVI век). Украсите околу централната слика, огледалната основа, ѕвездите на облеката и ореолите на Богородица и на детето Исус се позлатени. На долниот дел од монетата е претставен натписот „Владимирска“ на македонски јазик.

Оваа кована пара е изработена од сребро Ag925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм. Цената на кованата пара „Владимирска“ изнесува 3.800 денари. Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати