Проценка на Статистика, Општина Велес има 54.546 жители

Петар Печков

 Општина Велс според  официјалниот документ на Државниот завод за статистика, се претпоставува дека брои     54 546  жители од кои  мажи се 27 428 а жени  27 118. Најмногу жители се на возраст од  30-34 години - 4.370, а во близина според старосната структура се  50-59 и 25-29 со над 4 илјади лица.  

Со официјалниот последен Попис од 2002-та Општина Велес, тогаш броела  55.108 жители, во кои влегуваат и селата Горно и Долно Јаболчиште, кои со новата територијална поделба преминаа во Општина Чашка во 2005-тата.  

Со претпоставките на Државниот завод за статистика: 

Општина Градско брои 3.580 жители , од нив  1.907 машки и  1.673 женски. 

Општина Лозово има 2.580 жители, од нив  1.372  мажи и 1.208 жени.

Општина Чашка има  8.003 жители, од нив  4.237 мажи и  3.766 жени 

 Од бројките може да се забележи дека  и во општина Велес, но и во соседните има повеќе мажи отколку жени.

Постапката за изработка на процени на населението во пописната година е следна:

1. На податоците за бројот на населението по пол и според календарската година на раѓање од Пописот се додаваат податоците за бројот на умрените лица од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот, според полот и календарската година на раѓање;

2. Од добиените податоци со претходната операција се одземаат податоците за бројот на живородените деца во земјата според полот, од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот;

3. Од добиените податоци со претходната операција се одзема салдото на миграции од почетокот на годината до критичниот момент на Пописот, според полот и календарската година на раѓање. На овој начин се добива состојба на населението според полот и календарската година на раѓање на почетокот на пописната година, односно на крајот на претходната година.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати