Промовиран 18 број на списанието ,,Велес,,

Петар Печков

Во медиотеката на локалната библиотека   попладнево беше промовирано 18-то издание на списанието ,,Велес,,.  Во него се отпечатени 27 текста, поврзани за Велес, неговото минато, традиција, но и осврти за книжевните дела посветени за и од Велес.  Списанието го промовираше проф. д-р. Васил Тоциновски.  За него оваа промоција е посебен момент. 

Една национална литература не постои  без списанија.  Немате ли списание  немате сегашност, немате минато и останувате без иднина.  Иако овие списанија  живуркаат во литературата и книжевноста, тие се неопходни и потребни.  Велес пак има традиција преку своите автори. Преку повеќе рубрики списанието  го задржува вниманието на читателот – изјави Тоциновски.  

Тој побара за списанието ,,Велес,, и локалната власт да одвојува средства.  Издавач е   Клубот на писатели од Велес ,,Кочо Рацин,,. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати